Џет-Сет
22. February 2017 - 9:53

Алексис Рен и Џеј Алварез ја прекина врската

Иако важеа за „најубавата двојка на светот“, манекенката Алексис Рен и нејзиното момче Џеј Алварез и ставија крај на нивната врска, пропратено со навреди кои ги преполнија таблоидите.

Рен и Алварез се прославија со нивното патувње по светот и со сликањето фотографии од различни локации, што ги споделуваа на социјалните мрежи.

Сепак, колку и да изгледаа како „совршена двојка“, нивната врска не издржа, а сега излегува дека романсата и не била „совршена“.

Огорчената Алексис си ја олесни душата преку Твитер, нарекувајќи го своето поранешно момче кретен и потсмевајќи се со големината на неговиот пенис.

- Манипулираше со мене до самиот крај, ме туркаше до крајни граници за да пукнам и за да каже дека тој не е виновен за крајот на врската. Нашата врска повеќе не беше добра за неговата кариера, напиша таа.

- Љубовта не прави слепи, но не можам да речам дека не почувствував дека нешто не е како што треба, додаде Алексис.

Таа призна дека во почетокот се било добро, но потоа се докажало дела „славата ги менува луѓето“.

- А има и мал пимпек, наведе Алексис.

Нејзинот статус доби над 50 илјади „лајкови“.