Албеу: Последен обид за дијалог, во Тирана доаѓа Хојт Ји
Без оглед што Албанија се наоѓа на прагот на парламентарните избори и владејачкото мнозинство веќе ја почна изборната кампања, отфрлувајќи каква било можност за дијалог со опозицијата, САД следната недела ќе го направат последниот обид.
Во албанската метропола доаѓа американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји, во последен обид за дијалог меѓу власта и опозицијата.
- Високиот американски функционер во Тирана ќе допатува следната недела и се очекува да оствари средби со главните политички лидери, што ќе бидат последни заложби за постигнување договор меѓу власта и опозицијата, пишува порталот Албеу.
Засега се знае дека Хојт Ји ќе се сретне со премирот Еди Рама, новоизбраниот претседател на државата Илир Мета и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша.
Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 18 јуни, и веќе се верфикувани кандатите на 15 политички партии, кои пријавија учество на изборите во Централната изборна комисија, која доцна синоќа ги распоределила и средствата за партиите-учеснички.
Од колачот тежок 65 милиони леки, најголем дел добива Соцјалистичката партија 44,4 милони, Двжењето за социјалистичка интеграција 11,2 милиони, Партијата за правда интеграција и единство 2,8 милиони леки.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација