Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ
Случувањата на македонската политичка сцена и понатаму се во центарот на вниманието на албанските медиуми, кои попладнево посебен простор отстапуваат на конституиирањето на законодавниот дом и изборот на претседател.
"Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Северна Македонија", "Северна Македонија го избра новиот претседател
на Собранието", " Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Северна Македонија, еве колку гласови доби", "Конституиран македонскиот парламент, претседател Африм Гаши" се само дел од насловите во медиумите.
-Африм Гаши за претседател на Собранието беше предложен од коалицијата на албанските партии "Вреди" подржан од ВМРО ДПМНЕ, победничката партија на парламентарните избори, наведува Ора њуз.
Во Северна Македонија, пренесува Топ чанел, денеска се одржа конститутивната седница на единаесеттиот состав на Собранието, произлезено од редовните парламентарни избори што се одржаа на 8 мај.
-Нов прв парламентарец е Африм Гаши, кој беше лидер на "Алтернатива", но се повлече од партиската функција за да биде номиниран за новата функција. Согласно важечките одредби, претседателот на Собранието не може да биде и претседател на партија или носител на други функции во кој било политички субјект, додава телевизијата.
Слични информации пренесуваат и другите медиуми нагласувајќи дека добил поддршка од 76 пратеници од владејачкото мнозинство од вкупно 120 пратеници, колку што брои парламентот.
-Новиот претседател на парламентот, Африм Гаши (47), даде заклетва и вети дека ќе соработува со сите партии и пратеници, во насока на зајакнување на институциите. Тој беше пратеник во Собранието на Северна Македонија во два мандати 2016-2020 и 2020-2024 година, наведуваат медиумите.
Додаваат дека деновиве претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе му го врачи мандатот на лидерот на ВМРО ДПМБЕ, Христијан Мицковски за формирање влада, во која " според договорот ќе биде "БЛЕН" и партијата "Знам".
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби