Албанскиот претседател в понеделник во посета на Косово, прва надвор од земјата по изборот
Неговиот претходник, Илир Мета, со посетата на Косово го заокружи петгодишниот мандат а новиот албански претседател токму Косово го избра за прва дестинација за посета надвор од земјата по изборот на 24 јули.
-Три недели по преземањето на функцијата претседател на Албанија, Бајрам Бегај не ја прекрши традицијата. Првата посета во странство како претседател ќе ја оствари во Приштина, јавија албанските медиуми.
Додаваат дека в понеделник, 15 август, спикерот на парламентот Глаук Коњуфца ќе биде домаќин на претседателот на Република Албанија, со кого Бегај ќе ја оствари и првата средба, по што ќе се сретне и со косовскиот државен врв и лидери на политички партии. Бегај(55) функцијата ја презеде на 24 минатиот месец по дадената заклетва во парламентот и свечената церемонија во претседателската резиденција. Беше предлог на владејачките социјалисти а на 4 јуни доби поддршка од пратениците во законодавниот дом со 78 гласови. Тој е осми претседател на Албанија по падот на комунизмот.
Ново на Сител
-
Се одбележува денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј
-
24 мај - Ден на Свети Кирил и Методиј
-
УКИМ одбележува 75 години од формирањето
-
На УГД отворена лабораторија за квантитавни истражувања во економски и организациони науки
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата