Албанскиот брод „Орику“ спаси 111 илегални мигранти во Егејско Море
Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, кој е дел од мисијата на НАТО во Егејското Море, спаси 111 илегални мигранти кои се наоѓале во два гумени чамци и еден глисер.
Веста на својот профил на Фејсбук ја објави министерката за одбрана Олта Џачка.
-Имигрантите од Сирија, Ирак и Палестина се спасени во три одделни акции, за само неколку часа, од екипажот на бродот „Орику“ во водите меѓу Турција и Грција. Тие се предадени на турската крајбрежна стража,напиша Џачка.
Бродот „Орику“ на почетокот на месецов им помогна на 140 мигранти од Авганистан и Сирија, од кои 30 деца, безбедно да стигнат на копно.
Според Џачка од 2016 година,кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО во Егејско Море припадниците на албанската морнарица спасиле повеќе од 2.200 илегални мигранти,меѓу нив голем број жени и деца.
Во рамки на оваа хумана мисија,чија цел е спасување на мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води пловат и албанските бродови „Бутринти“ и „Лисус“.
Ново на Сител
-
Полиција се уште трага по учесниците во вооружениот инцидент во Брисел
-
Научниците предупредуваат: Северниот Пол се загрева со рекордна брзина
-
Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог
-
Кривична пријава против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата
-
Се води предистражна постапка за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи
-
Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова
-
Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар