-->
-->
Албански командоси дезертира во Велика Британија
-->
Четворица припадници на специјалната единица „командоси“ на албанската армија, кои биле во Велика Британија дезертираа по завршување на обуката.
Според албанските медиуми, војниците требало да се вратат на крајот од октомври, но тие по завршување на обуката не се вратиле со своите колеги во Албанија.
Албанското Министерство за одбрана потврди дека откако било констатирано дека војниците не се вратиле биле известени британските власти.
Во меѓувреме поднесена е соодветна пријава во Военото обвинителство во Тирана, кое соработува со британските власти.
Идентитетот на војниците не е познат.
Албанското Министерството за одбрана до сега има поднесено 16 пријави поради дезертирање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид