Албанската влада ќе избрише долг од 660 милиони евра на бизниси и поединци
Албанската влада ќе му предложи на Парламентот бришење на, досега, најголем долг во историјата на финансиите на државата, што кон неа го има бизнисот и поединци, на име даноци.
Вкупниот износ што планира да им биде простен изнесува 91 милијарда леки или 660 милони евра,што претставува шест насто од БДП.
- Околу 29,5 милјарди лека се обврски и казни кои се однесуваат во периодот пред 31 јануари 2010 година,кои автоматски целосно се бришат. За периодот од први јануари 2011 до 31 декември 2014 година ќе бидат избришани казните и затезните камати,доколку должниците,било да се бизниси или поединци ,го подмират основниот долг, јавија аалбански медиуми.
Според Владата ова простување на долгот има за цел да воспостави нови односи со бизнисот,поинакви од претходно и е со целосна поддршка на Меѓународниот монетарен фонд,кој секогаш бил скептик за такви иницијативи.
-Ние одблизу сме работеле со Владата за овој закон и се заснова на најдобрите совети на нашите експерти, изјавила претставничка на мисијата на ММФ во Тирана.
Ново на Сител
-
Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт
-
Пренатрупаноста алармантна во Идризово, се убива за повеќе простор
-
Мицкоски: Нема да коленичиме пред Софија
-
Анкета на ИПИС: Граѓаните имаат високи очекувања од владата на Мицкоски
-
Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер
-
Зголемувањето на пензиите ќе биде на рати
-
Николоски: Пругата до Бугарија завршува со тунел што нема крај, еден километар чини 24 милиони евра
-
Подолга целодневна настава и воведување една смена во училиштата - примарни реформи на министерката за образование