-->
-->
Албанската полиција заплени тон марихуана
-->
Албанската полиција заплени ново рекордно количество марихуана, при акција во реонот на градот Скрапар, јави дописникот на МИА.
Според полициското соопштение, вчера во доцните попладневни часови во магацин во селото Лепан во близина на Скрапар, по подолга истрага полицијата од Комесаријатот на Берат открила и запленила еден тон марихуана.
Магацинскиот простор бил користен за сушење и пакување на наркотичното растение.
Полицијата трага по седум лица осомничени за поврзаност со илегалната трговија на марихуана.
Ова е втора акција на албанската полиција за една недела, откако претходно над 1,2 тона марихуана беа откриени на брегот на Јадранското Море кај Валона. Дрогата била подготвена за транспорт во правец на италијанскиот брег.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“
-
И лозарите од штипско незадоволни од понудените откупни цени за грозјето
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода