Албанската мафија меѓу најактивните криминални групи во Италија
Тиранската телевизија Ора њуз пренесувајќи делови од овој извештај наведува дека италијанското Министерство за внатрешни работи оценило дека „албанскиот организиран криминал е потврден како еден од најактивните во Италија и е поддржан од слични криминални групи активни во Холандија, Белгија, Австрија, Велика Британија, Германија и Шпанија“.
Според извештајот, албанскиот организиран криминал во Италија се раширил речиси низ целата национална територија, а албанските криминални групи се занимаваат со шверц на дрога, нелегална миграција и проституција.
– Способноста на Албанците во трговијата со дрога им дава важна улога во однос на другите криминални организации, и тие се додека тие претставуваат привилегиран канал за снабдување со дрога за некои италијански мафијашки групи, благодарение на бројните врски и мрежа што ги поседуваат во соработката со други Албанци во Јужна Америка, Холандија, Шпанија, Турција и Англија, стои во извештајот.
Италијанските власти потенцираат дека албанските криминални групи имаат посебна способност за да соработуваат со други странски, но и со автохтони италијански криминални групи.
Како пример за тоа ја наведуваат акцијата „Светот во средина“ („Mondo in mezzo“) во Рим во која е разбиена албанска криминална група што го контролирала шверцот на дрога во одредени региони во италијанскиот главен град, како и некои трговски претпријатија.
Треба да се напомене, се додава во извештајот, дека Албанија е производител на марихуана и транзитна земја за хероин увезен од Централна Азија и Авганистан за пазарот на Централна Европа, преку т.н. балканска рута.
Во документот се наведуваат повеќе акции во кои италијанската полиција запленила големо количество марихуана пристигната од Албанија, меѓу кои и операцијата „Метрополис“ спроведена од полицијата во Бреша, при која биле уапсени 30 Албанци, седум Италијанци и двајца државјани на Тунис.
– Албанските криминални групи поседуваат способност за криминал како калабриската мафија Коза Ностра со која имаат соработка. Тие соработуваат и со мафијашката фамилија Маце е Сантапаила-Ерколано, а редовни врски одржуваат и со Албанци во разни земји во светот реализирајќи транснационален шверц на дрога, се констатира во извештајот.
Исто така, во документот се посочува дека покрај трговијата со дрога, албанската криминална активност во текот на првите шест месеци од 2019 година вклучувала и проституција и криминал против имот, како што се грабежи, закани и изнуди.
Во успешното разбивање на криминалните групи италијанската полиција соработувала со Интерпол и со полициите на многу европски земји.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ