-->
-->
Албанија забрани влез на над 27 тони пилешко месо и 19,2 тони кафе од Бразил
-->
Албанската национална агенција за храна (АКУ) во пристанишниот град Драч забрани влез на повеќе 27 тони пилешко месо и 19,2 тони кафе увезени од Бразил.
-По извршената анализа беше констатирано присуство на високи концентрации на салмонела кај пилешките филети, кои беа во вкупна колична од над 27 тони, а беа наменети за албанскиот пазар. Забраната за 19,2 тони „ непечено кафе во зрно“ следуваше поради недостиг на соодветна документација и беше констатирано дека е небезбедно за консумирање, соопшти Агенцијата.
На почетокот на месецов албанската национална агенција за храна (АКУ) забрани влез на 27 тони пилешко месо увезено од Бразил, поради невалиден ветеринарен сертификат, како главен документ за безбедност на производот.
Само неколку дена претходно Агенцијата забрани влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, Канада и Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупното количество 53 тони беа со крајна дестинација Косово.
Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници.
Од поодамна албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така врши и голема контрола во кланиците во Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две сообраќајки за само 4 часа на влезот во Штип
-
Демири не знае од каде е смрдеата во хируршките сали – нема ни одговорност за крахот на системот
-
Демири се закани дека вработените во болницата во Лешок ќе останат без плата
-
ССМ: За една година трошоците за живот повисоки за 200 евра
-
Земјоделците го блокираа центарот на Струмица, бараат повисоки откупни цени на градинарското производство
-
Преглед на вестите од светот
-
Над 60% загуба на вода во водоснабдителниот систем на ЈП „Исар“-Штип
-
Во вооружена престрелка на Пластичарска загина 29 годишен скопјанец