Албанија: За првпат во едно деноноќие не е хоспитализиран ниту еден ковид пациент
За првпат во 14- месечната битка со Ковид-19 во Инфективната клиника во Тирана во последото деноноќие нема ново хоспитализирано лице заразено со опасниот вирус, јави дописничката на МИА од Тирана.
Исто така, според Топ чанел, денеска не може да се забележат блиски на болни кои чекаат во кругот на клиниката.
– Во последните 24 часа во Инфективната клиника не се пријави ниту еден пациент со Ковид-19. Се уште е рано да прогласиме победа, но веќе ја гледаме светлоста на крајот од тунелот, изјави еден од најпознатите инфектолози, професорот Тритан Кало, кој од самиот почеток е непосредно ангажиран во третирањето на ковид пациентите во клиниката.
Освен пациентите погодени од вирусот, кои се лекуваат во домашни услови, во ковид болниците се хоспитализирани 99 пациенти.
Професорот Кало, сепак, апелира до граѓаните и понатаму да бидат внимателни и совесни во почитувањето на мерките и протоколите, особено да не потпаѓаат под влијание на „злонамерниците кои зборуваат против вакцинација”.
Што се однесува до процесот на имунизација тој се одвива според зацртаниот план и до сега опфатени се околу 600 илјади лица, додека до крајот на овој месец се очекува да бидат имунизирани милион албански граѓани.
Во последното деноноќие од направените 4.516 тестови позитивен резултат е добиен кај 89 од нив, оздравеле 873, а починале три лица.
Од почетокот на пандемијата во земјата се направени 656.876 тестови, позитивни биле 131.666, оздравеле 116.126, починале 2.411, додека активни на болеста се 13.129 лица.
Ново на Сител
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза
-
Приведени двајца лихвари во Радовиш, од кои едниот е полицаец
-
Мерсие: Отвореното писмо на Кос за случувањата во Србија не е порака кон студентите
-
Австралија го усвои законот за злосторство од омраза, задолжителни казни за нацистички поздрави
-
Разрешен шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов