-->
-->
Албанија под вода: Обилните дождови предизвикаа поплави и штети
-->
Албанија е зафатена од обилни врнежи, кои поплавија обработливи земјишта и предизвикаа оштетувања на патиштата и електричната мрежа.
Албанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во северозападната општина Скадар биле поплавени околу 170 хектари земјиште, а каливите свлечишта привремено го блокирале сообраќајот во јужната општина Гирокастро. Оштетената електрична мрежа остави многу села без струја во овие области.
Основните училишта во три јужни села во Тепелене денеска беа привремено затворени, а не сообраќаат ниту фериботите до Грција и Италија.
Службата за цивилна заштита соопшти дека нови поројни дождови се очекуваат и во следните четири дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче