Албанија почна со увоз на струја
Со цел да ја задоволи зголемената побарувачка, Албанија почна со увоз на елекрична енергија.
Како што информираше Секторот за пренос, потпишан е договор за набавка на електрична енергија во вредност од 13,3 милиони евра, што се планира да ја задоволи потребата од електрична енергија до крајот на јануари.
Во средината на месец декември, албанскиот енергетски систем се соочи со голем раст на побарувачката поради падот на температурите. Паралелно со тоа земјата се соочи со рапиден пад на произвоството од приватните хидроцентрали. Тоа поради фактот што повеќе месеци наназад немаше дождови, што услови приватните ХЕЦ значително да го намалат производството.
- Од Електродистрибуција изјавуваат дека од албанската електрокорпорација КЕШ, која менаџира со ХЕЦ на каскадата на реката Дрим, побарале да го зголеми снабдувањето над количините планирани на почетокот на месецот. Но, КЕШ не го зголемила производството, бидејќи според неа бил реалзиран планираниот ремонт на електоромашинската опрема на ХЕЦ „Коман“, една од трите ХЕЦ на каскадата на Дрим. Тоа ја принудило Електродистрибуција да бара енергија на слободниот пазар и да почне со увоз, јавува тиранската телевизија Топ чанел.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат