Албанија: По налог на СПАК уапсен Јорго Горо, в.д. градоначалник на Химара
По налог на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, вчера доцна попладне, уапсен е вршителот на должноста градоначалник на општина Химара, Јорго Горо, за злоупотреба на службената положба.
Судија на претходна постапка му одредил притвор, а на три лица одговорни во секторот урбанизам мерка домашен притвор. Едно лице е во бегство.
Горо интервенирал во отуѓување државно земјиште да биде дадено на трети лица за потоа тие да имаат корист од статусот на стратешки инвеститор.
-Горо, меѓу другото, дозволил во два случаи околу 11 илјади квадратни метри земјиште кое било во државна сопственост во Дерми едно од најубавите приморски места, со фалсификувани документи да биде запишано како сопственост на лица како стратешки инвеститори, јавија медиумитеКако кандидат на Социјалистичката партија, тој, беше избран за градоначалник на Химара во три последователни мандати, а изгуби од Фреди Белери на изборите во 2019 и на 14 мај минатата година.
Откако неговиот противкандидат Фреди Белери беше уапсен два дена пред локалните избори, под обвинение дека купил осум гласа за сума од 40 илјади леки, кривично дело за кое е осуден на две години затвор, Горо стана привремен градоначалник.
– Истрагата против Горо започна по пријавата до СПАК на адвокатите на Белери, во октомври минатата година, во која се споменува и сопругот на поранешната шефица на дипломатијата Олта Џачка.
Тој , добил земјиште како стратешки инвеститор за што и беше на распит во СПАК, додаваат медиумите. Откако по Белери и Горо се најде зад решетки, Химара повторно остана без градоначалник.
Ново на Сител
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи