Алармантно: 40 отсто од албанските семејства поседуваат оружје
Албанците и понатаму се меѓу највооружените народи на Балканот. Ова го потврдуваат податоците во доверлив извештај на албанската тајна служба, ШИШ, во кој стои дека четири на десет семејства во Албанија поседуваат по едно парче оружје, пишол, ловечка пушка, калашњиков или пушка.
Истите масовно се земени во 1997 година, по познатите пролетни немири, кога беа ограбени воените магацини,к араули и гарнизони, од каде беа однесени над 700 илјади парчиња оружје и над 1,5 милијарди куршуми.
- Според извештајот на ШИШ, оружјето најчесто се крие во домовите, но и на територија надвор од домовите. Оружјето се користи при конфликти, кои често завршуваат со жртви. Видот на оружје кое најмногу го има во рацете на албанските граѓани е автомат, пренесува Репорт Тв, додавајќи дека мал процент од оружјето тие го поседуваат со дозвола.
Во идентичен документ на ШИШ од 2012 година стои дека 50 отсто од албанските семејства поседувале оружје. Поточно во 2012 година шест од 10 семејство поседувало оружје и секое трето на десет семејства имало по еден пиштол.
Денес, четири на десет семејства поседува автомат или пиштол или 40 проценти од семејствата во Албанија имаат оружје.
Токму поради ова загрижувачка состојба, Министертсвото за внатрешни работи се одлучи на уште една амнестија за нелегалното оружје. Рокот за доброволно предавање на оружјето ќе биде од први јануари до 30 април 2017 година.
Ова не е прва ваква акција на полицијата. Во изминатите неколку години, по 1997 година, граѓаните предадоа малку од големиот број парчиња оружје, а поголемиот дел го распродадоа низ земјите на Балканот.
Ново на Сител
-
Песков: Русија нема намера да ги врати окупираните територии на Украина
-
Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка бидејќи е разрешен пред три месеци
-
Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски поднесе оставка: „Со јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“
-
732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Работнички последен полуфиналист во одбојкарскиот Куп
-
Приведени двајца дилери од Битола, пронајдена дрога
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола