Алаѓозовски: Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност
Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски по бројните реакции за проектите на кои им се доделени пари со Програмата за култура во 2018 година и на барањето и очекувањето од ВМРО-ДПМНЕ да понесе морална и политичка одговорност.
Најбурни се реакциите поради доделени средства на шефот на кабинетот на државниот секретар Валмир Азири, но Алаѓозовски на прес-конференција рече дека не може да одговара за поединечни проекти и дека за сите нив важи ставот дека се отворени да примаат известувања за какви било неправилности.
- Максимално сме отворени и презедовме храбар чекор затоа што ги објавивме и имињата на добитниците, и доделените и побараните средства. Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност. Расположени сме и упатуваме повик до сите граѓани и вработени во институциите и надвор од нив, доколку имаат сознанија за каква било неправилности да не известат. Ние ќе постапиме согласно процедурите и законите, рече Алаѓозовски на прес-конференција попладнево во Владата на која соопшти дека на тековната седница е усвоена Националната стратегија за развој на културата 2018-2022.
Додаде дека се подготвени да преземат и соодветни чекори на одговорност и дека побарале мислење од Антикорупциската комисија, а се отворени и за Јавното обвинителство и за други надлежни институции, ако тоа го побараат од нив.
- Комисиите ќе ги преиспитаат сите проекти за кои ќе се утврди неправилност од аспект на замерките кои беа изнесени во јавноста. Некои носители на проекти веќе повлекоа дел од проектите. Остануваме отворени и максимално сме расположени сите неправилности да ги коригираме, рече министерот за култура.
Ново на Сител
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба