Ал Нусра бара 12 милиони долари за ослободување на бремена германска новинарка
Борците од сириската групација Џебат ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда, држат како заложник бремена германска новинарка и бараат од властите во Берлин да им платат откуп како за двајца, јави телевизијата Ал Арабија.
Џебат ал Нусра побарала од германските власти откуп од шест милиони евра за ослободување на новинарката. Сумата била двојно зголемена, откако терористите дознале дека таа е бремена. Сега тие бараат откуп за „спасување на животот на двајца германски државјани“.
Засега не се соопштува името на новинарката, ниту медиумот за кој работи. Познато е дека новинарката пред еден месец преминала на сириска територија од Турција.
Десет дена откако влегла во Сирија таа била заробена од екстремистите од Џебат ал Нусра. Тие ја држеле во едно предградие на сирискиот град Идлиб, кое било под нивна контрола.
Ново на Сител
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош