-->
-->
„Ал Арабија“: Лошите временски услови не дозволија да се заврши евакуацијата во Алепо
-->
Вчерашните лоши временски услови не дозволија да биде завршена евакуацијата на борците од Алепо и нивните семејства.
Телевизијата „Ал Арабија“, повикувајќи се на претставник од Сириската слободна армија, јави дека нивното депортирање ќе биде продолжено денеска.
Тој навел дека останале уште околу 4.000 лица кои треба да го напуштат градот.
Во друго соопштение стои дека причината за одложувањето на евакуацијата е силен снег.
Евакуацијата ќе се изврши во наредните неколку часови, а кога таа ќе заврши, командата на сириската армија ќе излезе со специјално соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа