-->
-->
Активни пожари во Горно Количани, Драчевица, Орланци и Мелница
-->
Во државава се активни три пожари, а вчера имало вкупно 27, информира изутринава Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени борова шума и сува трева.
ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар. Пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа, депонии...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода
-
Околу 500 000 метри кубни дрва годишно завршуваат на црниот пазар
-
Без нов закон за средно образование нема целосна инклузија на лицата со попреченост
-
На Охрид му треба елитен или масовен туризам