Џет-Сет
17. March 2020 - 11:29

Актерот Елба позитивен на Ковид-19, прекинати снимањата филмови ширум светот

Британскиот актер Идрис Елба вчера објави дека е позитивен на новиот коронавирус, поради што е во самоизолација.

Тој истакна дека нема никакви симптоми.

– Се чувствувам добро, засега немам никакви симптоми, но сам се изолирав. Останете дома и бидте прагматични. Ќе Ве известувам како сум… Без паника, напиша Елба.

По објавата на Елба филмските студиа објавија дека го прекинуваат снимањето ширум светот.

Студиото „Варнер Брос“ вчера најави дека прекинува снимањето на четвртото продолжение на „Матрикс“, како и третото продолжение на „Fantastic Beasts and Where to Find Them“.

 

И студијата „Јуниверзал пикчрс“, „Нетфликс“ и „Дизни“ исто така ги прекинуваат снимањата.