Џет-Сет
5. February 2017 - 10:24

Актерката Ким Бесинџер претерала со естетските корекции

Актерката Ким Бесинџер неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Педесет нијанси потемно“ во Лос Анџелес, каде многумина ги изненади со својот „нов“ изглед.

Ким, која светската слава на секс бомба ја стекна со улогата во филмот „Девет и пол недели“, сега има 63 години и го толкува ликот на Елен Линколн, дамата со која Кристијан Греј го имал своето прво садо-мазо искуство.

Кога неодамна се појави на премиерата многумина забележаа дека претерала со естетските корекции.

На лицето на глумицата нема ниту една брчка, што говори дека таа немала мерка кога е во прашање употребата на ботокс.

Јасно се забележува дека актерката ги корегирала очните капаци, направила лифтинг на цело лице, ги пополнила јагодиците, а сега заради сето тоа потсетува на восочна кукла. 

Ново на Сител