Аксл Роуз обвинет за силување што наводно се случило во 1989 година
Пејачот на „Ганс ен' роузис“, Аксл Роуз е обвинет дека брутално силувал модел и „ја влечел по подот како пештерски човек“ во хотелска соба во Њујорк, САД, пред повеќе од 30 години. Тужбата е поднесена вчера.
Со застрашувачки подробноти, обвинението на Шејла Кенеди во Врховниот суд на Менхетен ја опишува насилната и крвава случка во луксузниот хотелски апартман во „Сентрал парк вест“ во февруари 1989 година. Се запознале претходно истата ноќ во ноќен клуб.
„Кенеди е сведок на тоа Роуз како насилно има секс со друга жена. Тој ја повлекол и Кенеди во неговата спална соба, како пештерски човек и со однос на неконтролиран бес. Роуз физички ја спречил да замине. Кенеди била заробена“, се наведува во тужбата.
Роуз ги негираше обвинувањата преку неговиот адвокат Алан Гутман.
- Г-дин Роуз не се сеќава дека некогаш се сретнал или разговарал со тужителката и никогаш не слушнал за овие измислени наводи до денеска, изјави правниот застапник.
Тужбата наведува четири точки на обвинение - физички напад, телесни повреди, намерно нанесување емоционална вознемиреност и родово мотивирано насилство.
- Случајот (Кенеди), за жал, е премногу типичен за „културата на насилство и сексуално недолично однесување“, којашто беше дозволена и опстојуваше со десетлетија. Тука не се работи само за поединечни музичари кои ја минуваат границата, туку цел систем во оваа индустрија што го овозможуваше, а потоа и прикриваше на нивното недолично однесување и злосторства, по што следеше замолчување на преживеаните и нормализирање на сексуалниот напад, истакна адвокатката на жртвата, Ен Оливариус.
Делото на Кенеди нагласува дека таа доживува симптоми на посттрауматски стрес „секогаш кога ќе го слушне името на Роуз или музиката на 'Ганс ен' роузис',“ страда од анксиозност и депресија и има „неповратно влијание“ на проблемите со самодовербата.
Ново на Сител
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на казиното
-
Кривична против 32-годишник, се заканувал со нож и се обидел физички да нападне едно лице
-
Сообраќајка во Скопје помеѓу „ауди“ и службено возило на МВР
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден