Фудбал
21. July 2016 - 18:00

Акраповиќ верува во квалитетот и искуството на своите фудбалери

 
  Фудбалерите на Шкендија екипа која ја претставува Македонија во Лига Европа има реални шанси да се пласира во следната трета рунда.
 
Тетовската екипа вечера во Скопје, против Нефчи ќе стартува од нула по првиот меч во Баку кој заврши без постигнат гол, а во кој Шкендија може да жали за бројните пропуштени шанси. Тренерот на екипата Бруно Акраповиќ верува во квалитетот кој го поседуваат неговите фудбалери, но и искуството кое го имаат па најавува дека шансата која им се укажува нема да ја пропуштат. 
 
„Сигурно дека ќе дадеме се од себе, ќе го играме нашиот препознатлив фудбал, кој не краси во последно време и кој ни донесе многу успеси. Тука нема да менуваме ништо. Ќе се обидеме што побргу да постигнеме резултат кој ни одговара, но истовремено нема да му дозволиме на противникот да се разигра и да ги игра препознатливите контри. Мислам дека сме преискусна, предобра екипа, да си дозволиме такво нешто. Мислам дека ќе биде одличен натпревар и дека ќе презентираме, како Шкендија така и македонскиот фудбал добро во Европа’’ – изјави тренерот на Шкендија.  
 
За остварување на целта на Шкендија и е потребна било каква победа во реванш натпреварот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори’’ во Скопје, вечерва со почеток од 20 часот.