Македонија
16. March 2023 - 16:31

Ако замрзне цената ќе замрзне и ориозпроизводството најавуваат земјоделците

Доколку се „замрзне“ цената на оризот, ќе „замрзне“ или поточно ќе замре оризопроизводствтото како земјоделска гранка, сметаат оризопроизводителите од Кочанско. Пред Владата да донесе ваква одлука, мора да ги земе впредвид последиците.

- Треба да се понесе и одговорност и да се размислува во правец, како може да се стимулираат земјоделците за да може да произведуваат ориз и понатаму. Со замрзнување на цената, укинувањето на субвенциите и воведување на некои дополнителни трошоци, како осигурување, нас ќе не доведе во ситуација, ние самите да се откажеме од оризопроизводството- изјави Стојче Ташев. оризопроизводител од с. Облешево.

Стравуваат дека откупувачите би го искористиле тој момент за да ја замрзнат, а можеби и да ја намалат откупната цена, која и во моментот е на прагот на рентабилност.

- Очекуваме да го направат тоа, цената да падне. Откупувачите веднаш се вадат на таа „финта“, еве цената е замрзната, значи ќе ја намалиме и ние, што нас не става во многу незавидна положба, изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од с. Облешево.

По урнекот на покачувањето на минималната плата и пензиите и тие бараат зголемување на цената на оризот најмалку за 20%, за да можат да фатат чекор со инфлаторните движења.