-->
-->
Ако го изедете ова „јаболко“ ќе умрете - Ова е најотровното дрво во светот!
-->
Овошјето „“ изгледа како највкусното јаболко или како сочен лимон. Сепак, само еден залак од ова овошје може да ве убие.
Ова јужноамериканско дрво официјално е внесено во Гинисовата книга на рекорди како најотровно на светот.
Латиноамериканците, исто така го нарекуваат „arbol de la muerte“ односно дрво на смртта. Тоа е толку токсично, што дури ако после дожд застанете под него може да добиете реакција на отров.
После првиот залак, кој по описот е сладок, настапува задушување слично на она што луѓето го имаат кај алергиските реакции.
Сокот од овој плод може да ви направи сериозни изгореници на рацете, односно секаде каде ќе капне.
Постојат случаи во кои луѓето привремено ослепувале, а тоа траело и по неколку недели.
Доколку изедете еден плод, смртта ви е загарантирана, па затоа овие дрва се обележани со црвен „х“ во вид на предупредување на туристите.
Освен што е опасно, оваа дрво има и корисна страна. Брегот на Јужна Америка го штити од ерозија, а исклучително значајно е во целиот екосистем, поради што неговото сечење е забрането со закон во повеќето земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник