Акциска контрола во угостителски објекти во Охрид, приведени странски државјанки
Акциска контрола во угостителски објекти во Охрид, приведени странски државјанки
На 15.04.2023, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар за гранични работи Запад, СВР Охрид и инспектори од Државниот трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителските објекти на подрачје на СВР Охрид.
При контролата биле затекнати 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија, од кои пет без пријавен престој во земјава.
Констатирани се неправилности и од државниот трудов инспекторат кои ќе бидат соодветно санкционирани.
Странските државјанки биле предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред Судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок