Акција за заловување кучиња скитиници во Куманово
Екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ под монторинг на надлежните инспекциски служби од општина Куманово, денеска и утре ќе ги заловуваат кучињата скитници во Куманово.
Во денешната акција заловени се 20-тина кучиња во поширокото централно градско подрачје. Кучињата кои се заловуваат, појасни комуналниот редар Гордан Таневски ќе бидат вакцинирани со вакцини предвидени со правилникот и согласно Законот за благосостојба и заштита на животните.
- Ќе се чуваат 30 дена по правилникот ко је важечки и кој произлегува од законот, ќе се понудат за вдомување, ако не бидат вдомени, ќе бидат пуштени на местото каде што се заловени, изјави Таневски.
Додава дека кучињата кои се заловени во претходните акции се вакцинирани, кастрирани и обично не претставуваат проблем за граѓаните.
Од почетокот на реализацијата на тендерот, за кој годинава општината одвои 800.000 денари, заловени се околу 350 кучиња скитници. Општина Куманово е една од ретките општини во Македонија која ја спроведува акцијата на годишно ниво. Инаку, за оваа година од општинскиот буџет, за акции за заловување на кучиња скитници, предвидени се милион денари.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип