Македонија
22. July 2015 - 10:35

Акција за собирање отпадни гуми во населбата Вардариште

Собрани се 70 отпадни гуми од тешки и лесни товарни возила во населеното место Вардариште во Општина Гази Баба  во тек на акција што ја спроведоа  комуналната и инспекцијата за животна средина на општината, во соработка со Министерството за внатрешни работи.

- Во населбата Вардариште има често палење огнови од страна на населението. Со акцијата се спречува можноста за палење на гумите кои беа одземени, а истовремено се опоменуваше локалното население за казнените одредби од Законот за јавна чистота и Законот за животна средина, соопшти денеска Општина Гази Баба.

Собраните отпадни гуми во акцијата се предадени на овластен постапувач со отпадни гуми.