Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром
Жителите од Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кои имаат кабаст отпад утре, од 7 до 11 часот, ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради.
Акцијата за собирање кабаст отпад ја организираат општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Граѓаните, како што информира општина Аеродром, потребно е да внимаваат отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за да можат вработените на ЈП „Комунална хигиена“ да го соберат отпадот.
Акцијата в сабота ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.
Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица