Акција за прскање против комарци во Штип
Општина Штип в петок ќе спроведе теристичка ларвицидна и адултицидна дезинсекција со цел уништување на комарците на најзината територија.
Во писменото соопштение на општина Штип се наведува дека ларвицидната и адултицидната дезинсекција ќе се спроведе во периодот од 2:00 часот до 6:00 часот во петок-наутро (29.07.2016 год.), со апаратура за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналскио систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Адултицидната дезинсекција ќе се изведува со препаратот Aqua K-othrine 2 EW со активна супстанца Deltamethrine и за ларвицидната дезинсекција ќе се користи препаратот Biopren со активна супстанца S-Methoprene.
Во случај на неповолни временски услови како што се ветар или дожд дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат