Џет-Сет
15. September 2016 - 19:07

„Акција“ среде емисија: Гоца Тржан 60 секунди влажно го бакнуваше сопругот!

Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ ја отворија новата сезона на емисијата „Амиџи шоу“ на многу провокативен начин, правејќи нешто несекојдневно барем кога се нашите простори во прашање.

Тие добија задача да се бакнуваат француски и тоа 60 секунди пред камерите. Навистина влажно и сочно, брачниот пар сериозно си ја сфати обврската.

Гоца го симна карминот пред акцијата, а што се случуваше погледнете!