Македонија
11. April 2024 - 16:34

Академијата за судии и обвинители ќе бара правда пред Управен суд

Забраната за вработување на кандидатите за идни судии и обвинители ќе оди под лупа на Управниот суд.. Академијата најави тужба на одлуката на Антикорупциска која констатираше прекршување на изборниот законик.. Тврдат дека вработувања во изборниот период нема да има.. Се полагале приемните испити, а потпишувањето на договорите за вработување, најјрано ќе се реализирале на есен.. Во тужбата до Управен, од Академијата велат ќе ги напишат и пропустите на антикорупциска направени на вчерашната седница.. Дел од членовите имале судир на интереси бидејќи тие или нивни блиски имале претходна соработка со Академијата..

„Дали членовите на Комисијата кои се изземаа се совесни и постапувале согласно закон или не сакале да учествуваат во однапред спремена политичка одлука по приговорот. Дали членовите на Комисијата кои се изземаа пред почеток на седницата се совесни и постапувале согласно закон или не сакале да учествуваат во однапред спремена политичка одлука по приговорот“, пишуваат од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Претседателскиот кандидат Силјановска-Дафкова алармираше дека Академијата го крши изборниот законик.. За време на кампања, се стопирале сите процеси за селекција на кандидати за вработување.. Во институцијата велат, приговорот имал политичка позадина..

„Академијата ќе поднесе тужба и истата ќе биде заснована на факти, а не на политички маркетинг, невистини и инсинуации како што беше случајот со јавната седница, кога претседателскиот кандидат се повикуваше на некакви писма и изнесуваше разни шпекулации и измислици“

Антикорупциска вчера ги соочи аргументите на подносителот на приговорот и академијата, и одлучи постапката да мирува..

Во меѓувреме, кандидатите за идни судии и обвинители веќе го полагаа квалификациоскиот тест.. Дали идната недела ќе се полага практичниот испит, ќе зависи од одлуката на Управен суд..