АК „Куманово“ освои 26 медали на државното првенство за сениори
Атлетичарите од атлетскиот клуб „Куманово“ освоија голем број медали на Државното првенство за сениори кое се одржа викендов, на градскиот стадион во Скопје, информираа денеска од клубот.
АК „Куманово“ беше најуспешен во освојување на бројот на медали вкупно 26, од кои девет златни медали, 11 сребрени и пет бронзени медали. Воедно, по бројот на поени екипата заврши на прво место.
Поединечно златни, сребрени и бронзени медали освоија атлетичарите, Матеја Ефремовска, Дијана Вукановиќ, Теа Алексовска, Бранкица Марковиќ, Марија Дувлис, Ениса Тасевска, Марјан Нојковски, Даниел Јосевски, Ненад Младеновски.
-Задоволни сме од успехот, се натпреварувавме во сите атлетски дисциплини, и покрај лошите временски услови во саботата. Следува период на куса пауза, по што повторно почнуваме со натпревари од септември, изјави, тренерот на АК „Куманово“, Филип Колевски.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка