Loading Video...
Фудбал
18. May 2022 - 13:39

Ајнтрахт и Г.Ренџерс во битка за трофејот во Лигата на Европа

Во Севилја вечерва ќе биде поделен првиот од трите трофеи во европските фудбалски купови. 
 
На стадионот „Рамон Санчез Пицхуан“ вечерва ќе се игра финалето во второто по квалитет натпреварување Лига Евопа. За трофејот ќе се борат Ајнтрахт и шкотскиот Глазгов Ренџерс. 
 
Германскиот тим по 42 години повторни ќе игра финале. Во своето последно 1980-година, во тогашниот УЕФА Куп кој сега го носи името Лига Европа, Анјнтрахт излезе како победник  во двомечот со Борусија Менхенгладбах. 
 
На патот до финалето, Ајнтрахт кој заврши како прво рангиран во Д групата, елиминира две шпански екипи и тоа Реал Бетис и Барселона, а во полуфиналето ги добија двата полуфинални натпревари против англискиот Вест Хем.
Шкотскиот, Ренџерс е со поголема традиција кога во прашање се настапите на европската сцена. Но и тимот од Глазгов веќе половина век чека на нов европски трофеј. Единствениот досега го освоија во далечната 1972 кога победија во тогашниот Куп на победниците на куповите. 
 
Но, Шкотите нерадо се сеќаваат на единствената пресметка со Анјтрахт кој во далечната 1960 година во полуфиналето УЕФА Купот го декласира Глазгов со 6-1 и 6-3 во двете средби. 
 
Влогот за двата тима е голем, не само од резултатско значење туку и финансиски. Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, ќе има гарантирано место следната сезона во групната фаза во Лигата на шампионите, а со тоа и можна заработка од најмалку 100 милиони евра, 
 
Во вечерашното финале што ќе започне од 21 часот, двата тима ќе имаат голема подршка од трибините, имајќи впредвид дека веќе неколку дена низ улиците на Севилја прекрасна атмосвера создаваат навивачите на обете екипи.