Ајкула уби 16-годишно момче на Јамајка
Ајкула нападна и уби 16-годишен средношколец на Јамајка. Безживотното тело е пронајдено во водите северно од островот, соопштија тамошните власти
Тинејџерот Јахмари Рид живеел во Трелани, источно од популарниот туристички град Монтего Беј. Момчето, според наводите, отишло само на риболов рано наутро во понеделникот, а рибарите го пронашле неговото тело следниот ден со повреди што укажуваат на напад од ајкула, се вели во извештајот на полицијата.
Од 1749 година, во Јамајка се пријавени само три напади на ајкула, според Меѓународната датотека за напади од ајкули, уредувана од Музејот за природна историја на Флорида и Американското здружение „Еласмобранч“.
Лани имало вкупно 69 (потврдени и неиспровоцирани) напади од ајкула ширум светот и 14 смртни случаи, се вели во извештајот. Во јули, сурфер ја загуби ногата по напад крај брегот на Австралија. Само еден месец претходно, сурферката Тамајо Пери почина по напад на ајкула кај островот Оаху, Хаваи. Во јануари, и млад рибар кој нуркал кај пацифичкиот брег на Мексико бил убиен од ајкула.
Ново на Сител
-
Негативен природен прираст, помалку склучени, а повеќе разведени бракови
-
За неполни два месеци 74 случаи на заплени - над четири пати зголемен бројот на кривичните пријави
-
Мицкоски во Турција на средба со Ердоган, ќе се потпише политичка декларација за основање Совет за соработка
-
Директор на Културен центар во Охрид ја злоупотребил службената положба и го оштетил буџетот за 46.520 денари
-
Трамп ја отфрли молбата на британскиот премиер за безбедносни гаранции за Украина
-
Пратениците на владејачките партии во РС усвоија закон за забранување на работа на Судот и Обвинителството на БиХ
-
Облачно, магла и повремен дожд
-
Без вода делови од Центар и Карпош