-->
-->
Ајатолах Хамнеи: САД и Израел ги испланираат немирите во Иран
-->
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги осуди протестите, што веќе две недели се одржуваат ширум земјата поради убиството на Махсе Амини. Ајатолахот Хамнеи, во првата реакција, за протестите ги обвини САД и Израел. Овие немири беа планирани.
Јасно кажувам дека овие немири ги смисли Америка и ционистичкиот режим и нивните вработени, посочи ајатолах Хамнеи. Тој смртта на Амини ја оцени како „тажен инцидент“ што ја остави земјата „со скршено срце“.
Амини почина во болница на 16 септември, три дена откако беше уапсена од моралната полиција поради непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување и одведена во „центар за превоспитување“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јамал во Барселона до 2031 година
-
ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
-
Дводневен штрајк на таксистите во Атина
-
Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц
-
Русија пресретнала над 100 украински дронови
-
Приведен 46-годишник баран по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година и 11 месеци
-
Физички пресметки меѓу навивачите на Бетис и Челзи пред финалето на Конференциската лига
-
Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ