„Ај кју“ ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија во Лисабон
„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ ќе ја претставуваат Република Македонија на Изборот на песна на Евровизија во Лисабон 2018, соопшти Македонската радиотелевизија. Автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, а аранжманот е на продуцентот Дарко Димитров.
По распишаниот јавен повик за песна која ќе ја претставува Македонија на Евровизија во португалската престолнина, на 10 февруари во просториите на МТВ се одржала селекција на пристигнатите песни.
Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектирала 12 композиции. Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата била рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, осумчлената комисија одлучила дека „Lost and found“ има убедливо најголем број гласови и едногласно заклучила дека „избраната композиција на евровизиската сцена најдобро ќе ја донесе групата ’Ај кју’“. Таа е матична група на авторот Бојан Трајковски со вокалистката Марија Ивановска.
- Комисијата е едногласна во ставот дека одбраната композиција има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Ај кју“, објави Македонската радиотелевизија.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан