АХВ поради нерегуларности во работењето казни месарница, маркет и ресторан
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок.
-Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилен, вонредни инспекциски контроли во целата држава. Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарниоца во Скопје поради пласирање на пазарот небезбнедна хранана, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања, информираат денеска од АХВ.
Од Агенцијата додаваат дека познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања.
-Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во конткат со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во соопштението.
Во координирана акција со Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спровела вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.
Од АХВ потенцираат дека затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника