АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апалеира одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари. Како што информира, ја следи состојбата со оваа болест која е потврдена во регионов.
-Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, извоз на живи животни, месо од овци и кози и нивни производи во Европската Унија и заштита од внесување на вирусот на болеста на сила се решенијата за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) и производи и нус производи од животинско потекло од регионите каде е потврдена болеста во Република Романија и во Република Грција, кои АХВ ги донесе во јули годинава веднаш
по потврдувањето на болеста во посочените региони во овие земји. Како одговорна институција и за здравствената заштита на животните, по потврдувањето на болеста и во регионот, АХВ ги извести Ветеринарната комора, ветеринарните друштва, одгледувачите на животни и официјалните ветеринари за нивните обврски во однос на спроведување на активности за рано откривање на болеста чума кај мали преживари, наведува АХВ.
Нагласува и дека е упатен апел одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми на болеста, дури и кај едно животно, при што ни едно од животните не смее да го напушти одгледувалиштето.
-Од таму не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре. Во случај на сомнеж или потврда на болеста ќе се применуваат мерките од Планот за итни мерки и оперативниот прирачник за чума кај малите преживари кои Агенцијата ги подготви и донесе уште во 2018 година. Со Планот и оперативниот прирачник се уредуваат постапките и активностите кои треба да се спроведат и применуваат согласно Законот за ветеринарно здравство и Одлуката за планови за итни мерки кај животните. Со овие документи се овозможува ефикасно и ефективно спроведување на мерките за заштита и контрола на приемчивата популација животни - овци и кози, како и брза проценка за ограничување или отстранување на ризикот за внес и ширење на вирусот, потенцира АХВ.
Според Агенцијата, ветеринарните друштва треба да го зголемат нивото на претпазливост и веднаш да пријават до официјалниот ветеринар доколку забележат некои од симптомите на оваа болест или угинување на животни од видовите овци и кози.
Болеста чума кај малите преживари претставува вирусно заболување кај козите и овците, предизвикано од morbilli вирус од фамилијата парамиксовируси и предизвикува големи економски штети. Заразувањето (морбидитетот) на приемчивите животни може да биде од 90 до 100%, а стапката на смртност (морталитет) се движи помеѓу 50 и 100 отсто и е особено изразен кај подмладокот. Светската организација за здравје на животните (WOAH- OIE) и ФАО болеста ја класифицираат меѓу високо заразните прекугранични болести со сериозни општественоекономски реперкусии. Погодувајќи го ситниот добиток, козите и овците, се гледа како на болест од јавен интерес што го попречува развојот на сточарството на локално и национално ниво и ја загрозува безбедноста на храната и егзистенцијата на семејставата кои одгледуваат овци и кози.
Луѓето не се приемчиви на вирусот и нема опаснот по нивното здравје.
Болеста чума кај малите преживари е една од најзаразните болести кај малите преживари која исто така може да ги зафати и некои диви мали преживари.
Инфекцијата обично се случува преку директен контакт меѓу приемчивите и заразени животни. Во раните фази на инфекцијата, кога животните имаат покачена телесна температура, сите телесни секрети и екскрети се високо контаминирани. Преносот на болеста преку воздух е брз кај соседни стада. Излачувањето на вирусот започнува за време на инкубацискиот период, пред појавата на првите клинички знаци и може да трае до над 2 месеци по закрепнувањето. Овие периоди
на „тивко“ присуство на вирусот, без видливи клинички знаци, го зголемуваат ризикот од ширење на болеста на други мали преживари, како домашни така и диви. Контаминација е исто така можна преку внесување на заразена храна или вода поради што е потребно спроведување на засилени биосигурносни мерки на одгледувалиштата за овци и кози и на пасиштата.
АХВ одржа координативен состанок со експерти од областа на кој се разгледа епидемиолошката состојба во земјава и во регионот. Донесени беа заклучоци за преземање засилени безбедносни мерки за спречување на внес и ширење на болеста во земјава.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион