АХВ: Николовски повторно ја доведе јавноста во заблуда
Техничкиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со вчерашното презентирање на невистинити докази, повторно да ја доведе во заблуда јавноста дека граѓаните на Република Македонија јадат небезбедна храна, во писмено соопштение до медиумите оцени денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и го осуди обидот на Николовски.
- Некомпетентноста, нестручноста и политиканството на Николовски за ширење на дезинформации и паника кај граѓаните, вчера имаше единствена цел - рушење на довербата на граѓаните во институциите на системот одговорни за безбедноста на храната и дискредитирање на угледот на Агенцијата како водечка институција во системот на безбедноста на храната во земјава, се вели во писмената реакција на АХВ за вчерашниот обид на Николовски да прикаже дека во Македонија се продаваат краставици увезени од Албанија со двојно повеќе пестициди од дозволените.
И овој пат науката, се додава во реакцијата, а не политиканството на Николовски дадоа одговор на прашањето дали граѓаните во Република Македонија јадат безбедна храна, дали краставиците увезени од Албанија се отровни или не?
- За манипулацијата, за креирањето на сомнеж и страв кај граѓаните одговорност мора да има. И тоа од оној кој свесно креираше паника – од Николовски, чие непознавање на системот за безбедност на храна и овој пат резултираше со автогол. Резултатите кои само за него се релевантни и овој пат ги поби науката. Дури 25 пати помалку пестициди од дозволеното ниво се детектирани во мострата од краставица која Николовски ја доставил за анализа во Државната фитосанитарна лабораторија. Сите мостри земени од неовластено и нестручно лице, во несоодветни услови, без почитување на протоколи и процедури за нивно стерилно земање, со кои лесно може да се манипулира и (не) намерно да се контаминираат, за истите резултатите се сметаат за неточни, односно, се невалидни, велат од АХВ.
Како институција одговорна за безбедноста на храната, додаваат, апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви и слични провокации, чија единствена цел е собирање на ситни политички поени.
- Секој кој има и најмал сомнеж за безбедноста на храната во РМ, потребно е да го пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство со поднесување на претставка, лично, или телефонски на 0800 3 22 22. Агенцијата за храна и ветеринарство преку своите овластени инспектори за храна, реагира веднаш и по пат на инспекциски контроли, воспоставени процедури и протоколи за стерилно земање на мостри, стручно ќе ја испита секоја сомнителна храна, за која ќе се добие вистинит, точен и валиден резултат, испитан во овластени и референтни лаборатории, појаснуваат од АХВ.
Ново на Сител
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен
-
Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд
-
Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Сончево и топло со температура до 43 степени Целзиусови
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините