АХВ: Македонија до 2021. од увозник да стане извозник на свињи и месо
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презема активности Македонија да стекне статус на земја слободна од заразната болест – класична чума кај свињите и до 2021 година да почне да извезува свежо свинско месо, вели директорот на АХВ Зоран Атанасовски.
На денешната работилница „Унапредување на системот за идентификација и регистрација на животни од видот свињи“ Атанасовски информираше дека АХВ изработила акциски план во кој се придвидуваат повеќе активности меѓу кои и зајакнување на биосигурносните мерки во одгледувалиштата на свињи и мониторинг на присуство на вирусот кај дивите свињи во Република Македонија.
- За таа цел веќе се потпишани договори со ловните друштва, мониторинг на кланиците при колењето на свињи со присуство на антитела на вирусот против класична свинска чума, подобрување на системот за идентификација и регистрација на свињи во Република Македонија и како последна цел е прекин на превентивната вакцинација од класичната свинска чума во Македонија, објасни Атанасов.
Тој наведе дека целта на Агенцијата, доколку анализите покажат дека био-сигурносните мерки се на високо ниво и се воспостави оти системот функционира како што треба, Македонија до 2021 година да почне да извезува живи свињи и свежо свинско месо.
На работилницата, спроведена со финансиска поддршка од инструментот за претпристапна помош на Европската комисија „TAIEX“, експерти од областа, од земјите членки на Европската унија, ги споделиле своите искуства и зборувале за понатамошното залагање на Македонија во однос на проблематиката.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа помеѓу три возила на бул.„Илинден“, нема повредени
-
Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи
-
ФИНКИ го посвети 14. роденден на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во трагедијата во Кочани
-
Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер
-
Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“
-
Сестрата на Фросина: „Кој е следен”, која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси
-
Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност
-
Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство