АХВ ги отфрли обвинувањата на Николовски
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во целост ги отфрли денешните обвинувања на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Николовски, како што наведува АХВ, со изјавите изнесени по којзнае кој пат, само ја потврдува својата некомпетентност и деструктивност, пласирајќи во јавноста лаги, слични на неодамнешните за резултатот за зголемено присуство на пестициди во увозните краставици.
- И тогаш и сега, во отсуство на идеи и незнаење, но и поради нестручно и несоодветно дадените совети од неговите советници кои немаат ниту еден ден искуство во справувањето со болеста „јазлеста кожа“ кај говедата, ниту со други болести кај животните, Николовски ја потврдува единствената цел - да ја искриви и лажно да ја претстави сликата за преземените мерки и за справувањето на АХВ со болеста, стои во соопштенито.
Не обвинувањата и барањата на Николовски, децидна е АХВ, веќе е одговорено во секојдневните изјави на Агенцијата за храна.
- Затоа сега, единствено отворено останува прашањето на капацитетот на Николовски и неговите советници за апсолвирање на податоците и информациите кои ги дава Агенцијата.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштатa
-
Студено со појава на магла по котлините
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници