Ахмети се сретна со високите гости од Брисел и амбасадорот Орав
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска беше на работен ручек со евроамбасадорот Аиво Орав и директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција во Европската служба за надворешна политика, Анџелина Ерцхорст.
Ахмети и високите претставници на Брисел, како што е наведено во соопштението од ДУИ, разговарале за текот на политичките случувања во земјата, за меѓуетничките односи, за спроведувањето на обврските преземени, за ситуацијата во регионот и за евроатлантската интеграција.
Како што е наведено во соопштението, Ахмети проценил дека основните столбови на договор во Скопје веќе се спроведени, додека политичките партии треба да се посветат за исполнување на основните услови за спровдување фер и демократски избори.
ДУИ, ккао што се додава во соопштението, ќе се посвети за веродостоен, фер и демократски изборен процес во кој медиумите ќе бидат непристраси и граѓаните да гласаат слободно, без заплашување и без притисок.
Ерцхорст изразила благодарност од страна на Брисел за улогата на Ахмети и на ДУИ во решавањето на кризата, оценувајќи ја како храбро дејствување.
Соговорниците разговарале и околу значењето на меѓуетничките односи наспроти активностите кои се поврзани со злоупотребата на верските симболи за политички цели.
Ахмети нагласил дека изборите на 5-ти јуни ќе овозможат излез од политичката криза во земјата, силно враќање на политичката сцена во евроатланската агенда и фокусирање во решавањето на прашањата кои не држат далеку од интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван