Македонија
19. October 2015 - 18:37

Ахмети се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли во неговата резиденција во Скопје.

Како што соопштија од ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале околу политичкиот ќорсокак кој го попречува евроатланската интеграција на земјата.

Ахмети истакнал дека ДУИ ги поддржува постигнатите договори со посредство на меѓународната заедница и нивното целосно спроведување. Тој изразил уверување дека Советот на јавни обвинители ќе ги надмине препреките што поскоро во правец на воспоставување на канцеларијата на Специјалниот јавен обвинител и ќе овозможи непречено функционирање на оваа институција.
 
Ахмети повикал политичките лидери да ги почитуваат и другите обврски кои произлегуваат од договорите постигнати за излегување од кризата кои, како што рекол, ќе овозможат демократски и фер избори

Ново на Сител