-->
-->
Ахмети: Ова е голем ден за Македонија
-->
Ова е голем ден за Македонија. На крај сите парламентарни партии постигнаа договор дека се исполнети сите услови за организирање на фер, демократски и слободни избори, изјави вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците.
Тој истакна дека е договорено од 2 септември да почне почитувањето на сите рокови што се пропишани во договорот.
Прашан зошто Сефер Тахири не бил прифатлив за член на ад-хок комисијата за медиуми, Ахмети рече дека не се разговарало за имиња и оти за се што разговарале е напишано во договорот. вј/бак/21:57
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место