Ахмети: Нашиот сон за Македонија во НАТО се остварува
Имам посебно задоволство да им упатам честитки до сите граѓани на Република Македонија за добивањето на поканата за членство во НАТО која претставува исклучително големо и значајно постигнување во однос на сигурната иднина на нашата земја.
Евроатланската интеграција беше патоказ на нашата политичка и општествена активност уште од зачетоците на нашата дејност но истовремено и нашата конзистентна посветеност кон остварувањето на овој стремеж, при што за цело време бевме недвосмислено фокусирани кон оваа цел, резултираше со заеднички успех.
Целосната интеграција на нашата земја, но и на регионот во НАТО, ја прави целосна нашата слобода, овозможува безбедност, стабилност, оддржлив мир, добри меѓуетнички односи, економски развој и општествена благосостојба.
Постигнувањата во оваа година кои овозможуваат еднаквост и евроатланска интеграција се стремеж на сите граѓани и политички партии во земјата, затоа сите ние заедно треба да работиме за успешно заокружување на овој процес.
Овие постигнувања се резултат на заедничката работа на нашите граѓани, политичките партии, граѓанското општество, академската фела, медиумите и меѓународните пријатели.
Овој сон на нашите граѓани кој почнува да се остварува, денес бара од нас да се обединиме околу Евроатланска Македонија.
Али Ахмети, Демократска унија за интеграција
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација