Ахмети – Ќучук: Датум за преговори што е можно поскоро
Претседателот на Демократската инија за интеграција, Али Ахмети денеска имаше средба со бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, соопшти прес-службата на партијата.
Европратеникот Ќучук му изрази сочувство на Ахмети во врска со сообраќајната несреќа во Бугарија, притоа потенцирајќи дека властите во Софија во соработка со оние во Скопје се ангажирани за целосно расчистување на случајот.
Ахмети изрази благодарност за брзата и многу ефикасна реакција на бугарските власти.
Лидерот на ДУИ искажа честитки за одржаните избори во Бугарија и изборниот резултат, надевајќи се на што поскоро формирање на институциите.
Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше тема на разговорот меѓу Ахмети и Ќучук, со посебен акцент на постигнувањето договор што е можно поскоро и надминување на овој спор бидејќи патот на Република Македонија кон Европската Унијата е од особена важност, исто како и решавањето на прашањето без никакво одлагање. Двајцата соговорници разговараа и за можноста за одредување датум за првата Меѓувладина конференција во наредните месеци и за почеток на преговорите за членство на почетокот на 2022 година.
– Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Македонија, а од друга страна во голема мера би влијаел на безбедноста на земјата и регионот. Исто така, потребно е и повеќе да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните, оценија на средбата Ахмети и Ќучук.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути