Македонија
25. March 2024 - 17:00

Ахмети го прошири европскиот фронт со Дудуш, Тачи и Хоџа - Села се уште не е дел од фронтот

Ахмети го прошири европскит фронт за парламентарните избори, но таму се уште го нема Зијадин Села, кој после ДУИ ќе треба да даде најголем придонес на изборите на 8 мај.
Освен Скендер Реџепи, која минатата недела се согласи да влезе во коалиција со ДУИ, денеска во Тетово договор за коалицирање потпишаа и Аријанит Хоџа од  и Мендух Тачи од ДПА.

„Нашето денешно пријателство значи продолжување на соработката што ја започнавме со Арбен Џафер. Денес го продолжуваме националното патување. Овој фронт нема лични интереси, туку национални интереси“, кажа Ахмети

„Ова е натпревар со Русија, а не со лидерите на опозицијата“, кажа Тачи.

„Овој натпревар на Европскиот фронт е како ОВК од 2001 година во Македонија и дека нивни лидер е Али Ахмети“, кажа Хоџа.

„Победата на Бујар Осман на претседателските избори значи убедлива победа на Европскиот фронт на парламентарните избори“, кажа Реџепи.

За тоа до каде е коалицирањето со Села, Ахмети уверува дека наскорор ќе се случи.

Неофицијалните информации се дека коалицирањето со Села се одложува поради тоа што формално лидер на Алијанса на Албанците е Таравари со чие крило се разедини  откму поради настапот на парламентарните избори.

Договорот би бил неформален со поставување на Села и негови кадри на листите на ДУИ. Неофицијално, Села би бил носител во петатта изборна единица, a сегашната пратеничка Илире Даути би била на 2 или 3 позиција во Втората изборна едница. Останатите сегашни пратеници што застанаа зад Села би биле од подолу на листите што било неприфатливо за нив.

Претходно, соработка со Ахмети најави и градоначланикот на Шуто Оризари Курто Дудуш.