Македонија
20. November 2022 - 16:48

Ахмети го потврди тоа што Ковачевски го демантира - Се преговара со Таравари

Али Ахмети потврди – владата преговара за влез на Алијанса за Албанците во коалиција. Лично разговарал со Таравари, бидејќи сега бил моментумот да се обединат за да се исполнела мисијата. Сепак, не открива дали по 11 часа разговор зад затворени врати веќе паднал договор за поделба и на владиниот колач.

-Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата, рече тој.

Неофијално се договара ДУИ да ги отстапи министерските позиции во образование и животна средина, а за возврат да го добие министерството за правда. Министерот за надворешни работи кој е дел од високото партиско членство на ДУИ не сакаше да открие дали партијата успеала да ги отфрли најавите на огнената група дека ќе делува како фракција ако Алијанса стане дел од владата.

Иако не се откриваат детали дали интегративците се соочуваат со раздвојување на членството, од Огнената група за Сител велат дека седницата на партијата се уште не е завршена и по неа дополнително ќе се расправа.

Додека премиерот се уште демантира дека се водат тајни преговори со Таравари, извори од Алијанса потврдија дека се спремаат три министерски и три заменички функции. Според брифинзите на Алијанса и се ветуваат и 30 директрски позции...