Агенцијата за разузнавање со нова интернет страница
Пуштена е во употреба новата интернет страница на Агенцијата за разузнавање - www.ia.gov.mk или www.ia.mk
На новата интернет страница се содржани сите корисни информации за работата на Агенцијата за разузнавање и делокругот на нејзините надлежности.
- Преку интернет страницата на Агенцијата за разузнавање граѓаните на Република Македонија имаат можност да доставуваат информации, поврзани со било какви закани по националната безбедност и интересите на државата, стои во соопштението од АР.
Во следниот период, се најавува, на страницата ќе бидат продуцирани и нови содржини, како и аналитички информации, што ќе бидат од корист на научно-истражувачката заедница.
Целокупниот редизајн и техничката поддршка на новата новата интернет страница е продуцуран од тимот за информатички технологии на Агенцијата за Разузнавање.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава